Екипата која сезонава ќе триумфира во регионалната кошаркарска АБА лига ќе добие „вајлд-карта“ за настап и следната сезона во елитната Евролига, објави денеска порталот eurohoops.net.
За освојувачот на АБА лигата ќе биде предвидена една од двете специјални покани.
АБА е единствената лига која нема ниту еден клуб со таканаречена А-лиценца, долгорочна лиценца или повеќегодишна лиценца за настап во елитноито клупско натпреварување, но ќе добие една од двете „вајлд – карти“, додека преостанатата најверојатно ќе ја добие Валенсија, Виртус Болоња или Зенит.