Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол, го надмина легендарниот Меџик Џонсон по бројот на асистенции во својата кариера и се искачи на 5. место во историјата на НБА во оваа статистичка категорија.

На натпревар против Милвоки (128:127) одигран ноќта понеделник кон вторник, 35-годишниот плејмејкер направи 13 асистенции, зголемувајќи стигнувајќи до 10.145 во својата кариера.

Пол го помина Меџик Џонсон кој своевремено дојде до бројка 10.141 асистенција.

На првите четири места во историјата на НБА се: Џон Стоктон (15.806), Џејсон Кид (12.091), Стив Неш (10.335) и Марк Џексон (10.334).



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2021 12:42