Три нови случаи на коронавирус се регистрирани во кошаркарската НБА лига, покажуваат резултатите од последните тестирања.

Како што е соопштено, од 488 тестирани кошаркари до 14 април, тројца од нив добиле позитивни наоди на Ковид-19.

Според протоколите во НБА, сите позитивни на коронавирус и оние, кои имале близок контакт со заразени лица се сместуваат во изолација и ги следат упатствата и насоките на Лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2021 00:58