Поранешниот легендарен НБА кошаркар Ајзеа Томас ја избра идеалната „европска“ петорка на сите времиња во најсилната кошаркарска лига во светот, во која се најдоа четворица играчи од поранешна Југославија.

Томас, кој во моментов е коментатор и стручен аналитичар за американската телевизија „ТНТ“, меѓу најдобрите пет европски кошаркари, кои настапувале во НБА лигата, ги избра Хрватот Дражен Петровиќ, неговиот сонародник Тони Кукоч, легендите на српската кошарка Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ, како и Германецот Дирк Новицки.

Томас целата професионална кариера во НБА ја мина во дресот на Детроит, освојувајќи две шампионски титули, а беше учесник на Ол-стар натпреварите дури 12 пати.

Поранешниот легендарен бек на Детроит е прогласен за еден од 50. најдобри кошаркари во историјата на НБА лигата и е член на Куќата на славните.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2021 23:41