Македонските кошаркарски судии Александар Милојевиќ и Александер Павлов ќе бидат дел од завршниот фајналфор турнир во регионалната БИБЛ лига, што од утре до 29 април ќе се одржи во „Тото арената‘ во израелскиот град Холон.

За Милојевиќ ова е трет фајнлфор, а воедно и негов последен настап како меѓународен судија, додека Павлов првпат е дел од завршницата на БИБЛ лигата, која годинава го има своето 13. издание.

Милојевиќ и Павлов ќе бидат дел од завршницата во регионалната кошаркарска лига заедно со Огнен Јокиќ и Милосав Калуѓеровиќ од Црна Гора, Стилианос Сименоидис од Грција и Офер Манхајм од Израел.

Полуфиналните двојки се Берое – Академик Пловдив и Холон против Гилбоа Галил.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2021 23:23