Десет искусни НБА судии се суспендирани од работа поради безбедносни протоколи, објави „ЕСПН“. Меѓу суспендираните од работа, има судии кои постојано ја делат правдата во плејофот и во финалната серија.

Потпретседателот на судиската комисија во лигата, Монти Мекатчен, потврди дека суспензијата се должи поради здравствени проблеми на постарите судии, бидејќи тие патуваат меѓу градовите со редовни патнички летови.

Здружението на судии се надева дека вакцинацијата ќе им помогне на најискусните судии да не го пропуштат плејофот во тековната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2021 00:44