Тимот на Фенербахче, продолжува да се соочува со проблеми поради коронавирусот. Главниот тренер Игор Кокошков, како и тројца кошаркари на турскиот тим, нема да можат да учествуваат на третиот натпревар со ЦСКА Москва во четвртфиналната серија на плејофот во Евролигата.

Првично, отсуствуваа шест играчи од Фенер. Дајсон Пјер беше во можност да се приклучи на тимот пред вториот натпревар. Учеството на Јан Весели, кој ги пропушти првите две средби поради повреда, останува неизвесно.

По два натпревара во Москва, ЦСКА води со 2:0 во серијата прв до три победи.

Вечерашниот дуел во Истанбул е закажан за 19:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2021 10:51