Бруклин нетс стана првиот тим во Источната конференција кој обезбеди место во плејофот на НБА-лигата.
Дваесет и двата поена на Џеф Грин им помогнаа на Нетс ноќеска да го совладаат Торонто репторс со 116:103. Оваа победа, како и поразите на Бостон и Шарлот беа доволни Бруклин прв од Истокот да обезбеди место во разигрувањето за титулата.
Тимот од Њујорк по 62 натпревара има 42 победи и 20 порази.
Претходно, место во плејофот избори Јута џез која е лидер во Западната конференција.