Во полуфиналето на овогодишниот завршен турнир во кошаркарската Евролига, што од 18 до 20 мај ќе се одржи во Келн, ќе играат ЦСКА Москва – Анадолу Ефес и Барселона – Армани.
Кошаркарите на Барселона во решавачкиот, петти, натпревар од четвртфиналето го совладаа синоќа на домашен терен Зенит од Санкт Петерсбург со убедливи 79:53, додека екипата на Армани во петтиот меч од својата четвртфиналната пресметка против Баерн Минхен, исто така, забележа домашна победа од 92:89.
Претходно во вторникот, Анадолу Ефес во драматичен натпревар го совлада во решавачкиот натпревар на домашен терен мадридски Реал со 88:83, додека уште минатата недела пласман на Ф4 во Келн обезбеди ЦСКА Москва, откако со максимални 3:0 во победи го елиминираше тимот на Фенербахче.
Полуфиналниот дуел меѓу ЦСКА и Ефес ќе биде „реприза“ на последното финале одиграно пред две години во шпанскиот град Виторија, во кое триумфираше рускиот тим.
Завршницата во Келн, поради пандемијата на коронавирус, ќе се игра без гледачи на трибините