Екипите на Баскет Кам и Бадел 1862 обезбедија попладнево пласман во завршницата на македонскиот женски кошаркари куп и ќе играат в сабота за трофејот што од оваа година го носи името „Благоја Георгиевски-Буштур“ во чест на легендарниот македонски кошаркар.

На патот до своето прво куп финале во клупската историја кошаркарките на Баскет Кам, предводени од Анжелика Митрашиновиќ со 28 поени и Драгана Гобелиќ (24), го совладаа актуелниот бранител на трофејот Вардар со 95:59, додека во првиот денешен полуфинален натпревар екипата на Бадел 1862 ја совлада Крива Паланка со 77:56.

Мечот за трофејот се игра утре со почеток од 17 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2021 00:13