Словенецот Лука Дончиќ со 22 години и 67 денови стана четвртиот најмлад кошаркар во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 5.000 кошеви.

Словенечкиот кошаркар во синоќешниот триумф на Далас над Кливленд (110:90) имаше ефект од 24 поени и осум скокови со што ја мина границата од 5.000 кошеви во настапите во НБА.

Само Кармело Ентони, Леброн Џејмс и Кевин Дурант биле помлади од Дончиќ кога ја надминале границата од 5.000 кошеви.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2021 14:10