Тренерот на Бруклин, Стив Неш по победата над Денвер (125:119) искажа пофални зборови за центарот на спротивниот тим, Никола Јокиќ.
Според Неш, Србинот треба да стане МВП на крајот од регуларниот дел на НБА сезоната.
На последната средба, Јокиќ постигна 29 поени, седум скока и шест асистенции, реализирајќи 10 од 21 удар од поле.
– Никола Јокиќ е очигледен МВП на сезоната. Игра на високо ниво, без да забави во текот на целиот шампионат. Тој ги прави своите соиграчи подобри, придвижува сè околу него. Нагетси го загубија Џамал Мареј, а сепак останаа во чекор со ритамот. Тоа покажува колку е добра Никола, истакна Неш.
Оваа сезона, 25-годишниот Јокиќ во просек постигнува 26,4 поени, 8,5 асистенции и 10,9 скока по натпревар, постигнувајќи 60,4% за два поена и 40,2% за ударите за три поени.