Победата на Индијана против Кливленд од 111:102 му ја одзеде последната шанса на Торонто репторс за пласман во плејофот на НБА-лигата оваа сезона.

Шампионите од 2019 година беа учесници во разигрувањето за трофејот седум последователни години (2014-2020). Само Портланд може да се пофали со ваква серија, која исто така трае од 2014 година.

Репторси се на 12. место во Источната конференција со резултат 27-41 (победи-порази). Тимот на Ник Нурс веќе нема ниту теоретски шанси да може да се искачи над 11. место и да игра во плеј-ин.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 11:51