Екипата на Навико Академија ФМП попладнево го победи Пелистер со 100:98 и се избори за полуфинале што е најголем успех во историјата на клубот од Кисела Вода.

Тренерот на Академија ФМП, Александар Петровиќ ги пофали своите избраници за пожртвуваната игра во текот на целиот меч.

– Сигурно дека имаше и некое потценување од страна на противникот што се должи на двете нивни победи во првенството досега. Момците дадоа срце, изгоревме на терен и заслужено победивме. Тоа што претходно се договоривме го исполнивме, го исконтролиравме нивниот скок, ја запревме транзицијата, имавме контрола во нападот, а и контрола над резултатот. Им честитам на Пелистер за борбата, сигурно и тие да победеа ќе беше заслужено. Ова е една е нашите најдобри партии оваа сезона. Сега следува да се смириме, да одмориме и со ладни глави да одиме во нова победа, изјави Петровиќ.

До крајот на денот, во останатите четвртфинални средби се среќаваат: Работнички – ТФТ Еуроникел – Гостивар МЗТ Скопје Аеродром – Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2021 17:12