Кошаркарите на актуелниот НБА шампион Лос Анџелес Лејкерс триумфираа синоќа на гостувањето кај Индијана во обид да избегнат разигрување за место во плеј-офот за што ќе им потребна и победа вечерва во Њу Орлеанс под услов Портланд да загуби на домашен терен од Денвер.

Во претпоследниот натпревар од регуларниот дел од сезоната, Феникс постигна 140 поени во триумфот над Сан Антонио, додека Бруклин засилен со враќањето во тимот на триото Харден, Ирвинг и Дурант го совлада Чикаго, а Њујорк по продолжение беше поуспешен од Шарлот.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:

Бруклин – Чикаго 105:91

Индијана – Лос Анџелес лејкерс 115:122

Њујорк – Шарлот 118:109 (по продолжение)

Минесота – Бостон 108:124

Сан Антонио – Феникс 103:140

Милвоки – Мајами 122:108



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2021 16:56