Најдобриот кошаркар на Портланд, Демијан Лилард, пред пресметката со Денвер во првата рунда од плејофот, изјави дека неговиот тим е способен да ја освои титулата оваа сезона.

– Некој веројатно мисли дека Блејзерси не се способни да ја освојат шампионската титула, дека немаат тим. Без разлика дали е вистина или не, јас сум решен дека можеме да го сториме тоа. Ако сите веруваат во тоа, тогаш тоа ќе се случи. Тогаш тоа ќе биде можно.

Сите поранешни шампиони, играчи и тренери со кои разговарав изминатите неколку недели го кажуваат истото. Можете да го водите тимот до целта, но сите мора да веруваат во тоа, рече Лилард.

Портланд регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата го заврши на шестото место во Западната конференција со 42 победи и 30 порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 12:38