Денеска (18.05.2021) околу 02.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – недозволена трговија со дрога и оружје во соработка со Полициска станица Гостивар лишени од слобода се Г.Д.(27), С.С.(27), И.С.(39), Ф.И.(27) и А.Б.(32), сите од Гостивар.

При претрес извршен во деловен објект и подрумска просторија во Гостивар, кој го користи И.С., извршен со судска наредба, биле затекнати приведените лица, а биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и предмети со остатоци од наркотична дрога.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок за неовластено производство и пуштање по промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 13:24