Екипите на Работнички и Еуро Никел вечерва победнички ги стартуваа четвртфиналните серии во кошаркарскиот плеј-оф.

Кошаркарите на скопски Работнички во неизвесен натпревар триумфираа над градскиот ривал ТФТ со 72: 65, предводени од Питс со 16 и Аска со 15 поени. Бејли беше најефикасен во редовите на ТФТ со 17 поени.

Вториот меч се игра в петок, на истото место во СРЦ „Кaле“, кога во улога на домаќин ќе биде екипата на ТФТ.

Еуро Никел со триумф од 90:79 стекна почетна предност во пресметката со Гостивар, а Рикиќ со 19 и Мијатовиќ со 18 кошеви беа најефикасни кај домаќините.

Гостивар е домаќин на вториот натпревар што е на програмата в петок.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2021 23:52