Кошаркарките на Баскет КАМ брзо се опоравија по оној почетен шок, односно поразот пред неколку дена во првиот натпревар од финалето на плеј-офот. Една феноменална четвртина беше доволна за девојките од М. Каменица да го победат Бадел со 78:73 и да израмнат на 1:1 во финалната серија.

Екипата од Скопје парираше во првиот период, дури девојките во сино-жолта комбинација го добија таа четвртина со минимални (15:14). А потоа следуваа извонредни 10 минути за Баскет КАМ за на полувреме да се отиде со 56:36.

По ваквиот резултат веќе стана јасно дека во Македонска Каменица нема да се случи ново изненадување.

Следниот меч треба да се игра на 26 мај (среда), во Скопје, каде домаќин е екипата на Бадел 1862.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2021 17:53