Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, имаше разговор во канцеларијата на Вориорс со претседателот на клубот Боб Мајерс и главниот тренер Стив Кер. Тој им вети на управата и на тренерот дека ќе биде поефикасен во следната сезона и ќе стане поопасна напаѓачка опција за противниците.

– Потребен ни е Дрејмонд за да освоиме повеќе поени. И тој сам го посакува тоа. Верувам дека ќе биде подобар следната сезона, изјави Боб Мајерс.

Во неодамна завршената НБА сезона за Вориорс, 31-годишниот Грин оствари просек од седум поени по натпревар, што е најлош учинок за него во последните седум години.

На 21 мај, Грин промаши шут за победа од непосредна близина на натпреварот против Мемфис, а потоа во продолжението противникот победи и избори плејоф.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2021 11:45