Во текот на вчерашниот ден (24.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 793 возачи.

Од нив, 94 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2021 12:52