Пожар во неколку објекти на улиците „Цветан Димов" и „Ремзи Хоџа" во Скопје, нема жртви Неколку објекти на улиците „Цветан Димов" и „Ремзи Хоџа" (поранеша „Чаирска") во скопската Општина Чаир попладнево беа зафатени од пожар.
Околу 17 часот, како што потврдија за МИА од МВР, добиле известување дека избувнал пожар, кој зафатил два дуќани – сервиси за велосипеди и за мотори, една куќа и чајџилница.
– Повредени лица како последица на пожарот нема, соопштија од МВР.
Припадници на Противпожарната бригада со неколку возила околу 18.30 часот го изгаснаа пожарот.