Во периодот од 21.00 часот на 24.05 до 02.00 часот на 25.05.2021, полициски службеници од СВР Охрид при вршење редовна контрола, на 30 метри од брег на плажа во Струга пронашле рибарски мрежи со улов на риба. Риболовниот алат и рибата биле подигнати и однесени во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Се работи на расчистување на случајот.
Денеска (25.05.2021), полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Стење заедно со Државниот инспекторат за земјоделство, по извршена акциска контрола, во водите на Преспанското езеро, на околу 50 метри од брегот кај Асамати пронашле рибарски мрежи со улов на риба, кои биле подигнати. Се работи на расчистување на случајот.