Екипата на МЗТ Скопје Аеродром направи голем чекор кон пласман во финалната серија за титулата во македонското кошаркарско првенство, откако попладнево триумфираше на гостувањето во Битола против Пелистер со 79:72.
Почетокот на мечот навестуваше поинаков исход по водството на Пелистер од 14:0 и 36:20 по 16 минути игра.
Сепак, МЗТ Скопје се врати резултатски во натпреварот и дојде до израмнување 51:51 на истекот на третата четвртина, а триумфот го обезбеди во последниот период што го реши во своја корист со 24:13.
Вториот натпревар во серијата до две победи се игра на теренот на МЗТ Скопје, в петок.