Кошаркарите на Еуро никел во неизвесна завршница го совладаа вечерва Работнички во Скопје со 68:66, комплетирајќи го двојниот триумф на гостинските екипи во првите натпревари од полуфиналето во кошаркарскиот плејоф, откако претходно денеска и МЗТ Скопје Аеродром беше поуспешен од Пелистер во Битола. Реваншот меѓу Еуро никел и Работнички е на програмата в петок во Гевгелија каде кавадаречкиот прволигаш ги игра своите плејоф натпревари поради зафатеност на салата „Јасмин“ во Кавадарци. Претходно попладнево, МЗТ Скопје со пресврт во четвртата четвртина триумфираше над Пелистер со 79:72 и со предност од 1:0 во серијата до две победи го пречекува битолскиот прволигаш на реваншот в петок на домашен терен.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 00:25