Во еден часот по полноќ во ОВР Кичево пријавен е пожар во куќа на улица „Раим Лика " сопственост на Е.Е(.62) од Кичево.

Од огнената стихија е опожарен дел од покуќнината и инвентарот на куќата, како и дел од прозорците од соседната куќа сопственост на Б.А.

На пожарот со две возила интервенирала ТППЕ Кичево.

-Ноќеска во периодот од 1 до 2 и 30 часот интервениравме на пожар што избувна на улица„ Раим Лика" во Кичево.На овој пожар беше интервенирано со две противпожарни возила со четворица пожарникари ,при што пожарот беше целосно изгаснат и при оваа интервенција нема повредени лица, информира Горан Соколески, од Територијалната протипожарна единица од Кичево.

Причините за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 14:09