Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

– Обвинетиот 54-годишник, на 19 мај, на автобуската постојка кај Зелен пазар во Скопје, одзел паричник во кој имало пари, банкарски картички и други документи, со што на едно лице му нанел вкупна штета од околу 2.950 денари. По кражбата, обвинетиот бил фатен од полициски службеници, кои кај него го пронашле паричникот, информираат од скопското Обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 14:44