Во Велес во подрум на семејна куќа на улица „Андон Шурков“ е најден обесен 87 годишен старец,чие тело го нашол член на семејството.

Екипа на Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес која дошла на местото на настанот само констатирала смрт, информира за МИА д-р Василка Пановска Попстефанова началник на Службата за Брза помош.

Од СВР Велес за МИА го потврдија настанот, и дека нивна екипа прави увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 15:45