Денеска (27.05.2021) во 14.10 часот на ул.„Ордан Чопела" во Скопје, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потрага го лишиле од слобода М.Р.(37) од Скопје, кој со потерница се барал за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Лицето било предадено во Полициската станица Бит пазар за понатамошна постапка.