Екипата на Еуро Никел ќе игра во финалето на кошаркарскиот плејоф, откако вечерва триумфираше над Работнички со 88:87 по продолжение и со максимални 2:0 го елиминираше скопскиот прволигаш во полуфиналната серија.

Дарко Соколов со 18 поени го предводеше кавадаречкиот тим до пласман во финалната серија, додека плејмејкерот на Работнички Демиер Питс беше најефикасен на мечот во Гевгелија со 31 поени.

Противникот на Еуро Никел во финалната серија за титулата ќе биде подобриот од пресметката меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер. Актуелниот шампион со предност од 1:0 го пречекува битолскиот тим вечерва од 19:30 часот во серијата до две победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2021 01:06