Екипата на Бостон ја намали негативата во плејоф серијата до четири победи против Бруклин, откако триумфираше синоќа на домашен терен во третиот натпревар со 125:119 предводен од Џејсон Татум, кој постигна рекордни 50 кошеви во кариерата.

Татум воедно стана и трет најмлад кошаркар во историјата со таков ефект со 23 години и 86 денови, зад Рик Бери (23 години и 21 денови) и Мајкл Џордан (23 години и 62 денови).

До прва победа во третиот натпревар синоќа дојдоа и кошаркарите на Лос Анџелес клиперс триумфирајќи на гостински терен со 118:108 над Далас, во чии редови Лука Дончиќ постигна 44 поени.

Со синоќешниот ефект, словенечкиот кошаркар Дончиќ дојде до бројката од 300 поени во своите први девет плејоф натпревари во кариерата, искачувајќи се на трето место на вечната листа зад Мајкл Џордан и Карим Абдул Џабар, и двајцата со по 325 кошеви.

Во третиот натпревар одигран ноќта меѓу петокот и сабота во разигрувањето за титулата во НБА лигата, Аталанта поведе со 2:1 во серијата до четири победи против Њујорк, совладувајќи ги гостите со 105:94.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2021 15:02