Џејмс Харден го постигна својот прв трипл-дабл за Бруклин во НБА плејофот, постигнувајќи 34 поени, 10 скока и 10 асистенции на натпревар број 5 во серија против Бостон . Бруклин победи со 123:109 и со 4:1 го елиминира Бостон.
Нетс се пласираа во второто коло од плејофот за прв пат од 2014 година. Нивен следен ривал ќе биде Милвоки. Првиот натпревар ќе се одигра в сабота.
Харден реализира 10 од 17 удари од поле, 4 од 7 тројки, 10 од 11 слободни фрлања, а исто така имаше две украдени топки, две блокади и една загубена топка за 39 минути.
Значаен придонес за победата имаа и Кајри Ирвинг со 25 поени и Кевин Дурант со 24.
Најдобар кај Бостон селтикс беше Џејсон Тејтум со 32 поени, 9 скока и 5 асистенции.