Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа вечерва Еуро Никел со 83:81 и поведеа по првиот натпревар во финалната серија за шампионската титула.
До првиот триумф во битката за одбрана на титулата, МЗТ Скопје, кој го игра своето 15. финале од плејофот во клупската историја, го предводеа Феми Олуџоби со 24 и Дамјан Стојановски со 15 поени.
Финалната серија се игра до три победи, а вториот натпревар е на програмата в петок на теренот на Еуро Никел.