Една победа ги дели кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од освојување на осмиот шампионски трофеј, откако попладнево во Гевгелија го совладаа Еуро Никел со 95:91.
По овој триумф аеродромци поведоа со 2-0 во финалната серија од плејофот која се игра до три победи.
Најзаслужни за „брејкот“ се репрезентативците Бојан Крстевски кој постигна 22 поена и Андреј Магдевски со 20.
Во поразениот тим се истакна Роберт Рикиќ со 33 поени.
Следниот натпревар ќе се игра в недела во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.