Поранешната ѕвезда во НБА-лигата, Џејсон Кид може да ги предводи Бостон или Портланд, објави „Јаху спорт“.
Кид се очекува да биде интервјуиран како главен тренер на Селтикс, а исто така ќе биде главната цел на Блејзерси доколку Тери Сотс ја напушти функцијата.
Четириесет и осумгодишниот Кид во моментов е помошник тренер на Френк Вогел во Лос Анџелес лејкерс. Тој има искуство како главен тренер во Милвоки (2014-2018) и Бруклин (2013-2014).