Македонската кошаркарска репрезентација во јули и август ќе биде организатор на две машки и едно женско европско натпреварување во младинска конкуренција.

Во периодот од 13 до 18 јули, во Скопје ќе се одржи еден од трите турнири за кошаркарки под 20 години, а македонската јуниорска репрезентација ќе игра во групата Е против Романија, Словачка, Луксембург и Косово.

Од 3 до 8 август, пак, на програмата е ФИБА „челенџерот“ за кошаркари под 18 години, а „црвено-жолтите“, како домаќини ќе играат во најсилната групата „А“ против Шпанија, Србија, Хрватска, Германија и Грузија.

Македонската кошаркарска репрезентација под 16 години Европското првенство од „А“ дивизијата ќе го игра во Скопје од 16 до 21 август, а за противници ќе ги има селекциите на Франција, Литванија, Грција, Русија и Романија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 16:12