Стратегот на екипата на Њујорк, Том Тибоду, е избран за тренер на годината во НБА лигата, откако првпат од 2013 година ги однесе „Никси“ во плејофот каде испаднаа во првиот круг од разигрувањето за титулата од Атланта.
За 63-годишниот Тибоду ова е второ признание тренер на годината во најсилната кошаркарска лига во светот, по наградата што ја освои во 2011 година како предводник на Чикаго.
Тибоду во гласањето на новинарите доби 351 бодови, пред тренерот на Феникс, Монти Вилијамс (340) и Квин Снајдер од екипата на Јута (161).