Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард нема да игра против Јута во шестиот натпревар од четвртфиналето (3-2 моментен резултат) од плејофот во НБА-лигата.

Како што објави „ЕСПН“, 29-годишниот Американец се здоби со повреда на десното колено на четвртиот меч.

Точното време на закрепнувањето на Ленард не се знае. Играчот ќе мора да помине дополнителни прегледи.

Оваа сезона Ленард е еден од најдобрите кај Клиперс со просек од 24,8 поени по натпревар на 52 одиграни средби.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2021 22:04