Кошаркарот на Далас маверикс, Кристапс Порзингис, сака да го напушти тимот. Според новинарот на „ЕСПН“, Тим Мекмахон, Порзингис има намера да го смени клубот поради лошите односи со Лука Дончиќ.

– Порзингис не сака да игра за Далас. Кристапс го презира Дончиќ, изјави Мекмахон.

Претходно беше објавено дека неколку екипи од НБА-лигата се заинтересирани за играчот, а самиот тој е незадоволен од својот статус во Далас, со кого потпиша нов договор на пет години.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2021 22:33