Познатиот српски кошаркарски тренер Желимир Обрадовиќ ќе се врати на функцијата главен тренер на Партизан. Според новинарот Матео Андреани, страните се договориле за 3-годишен договор.

Обрадовиќ го предводеше Партизан во 1991-1993 година и го водеше до победата во Евролигата.

Шеесет и едногодишниот тренер ја пропушти сезоната 20/21 откако го напушти Фенербахче во јуни 2020 година.

Под водство на Обрадовиќ, Фенербахче стана еден од најсилните клубови во Европа во последните неколку години. Од 2015 година, Фенербахче редовно играше на „Фајнл фор“, а во 2017 година ја освои Евролигата за прв пат во историјата. Клубот од Истанбул исто така освои четири титули во турската лига, три национални купа и три претседателски купа.

Обрадовиќ е најтрофејниот тренер во Европа. Тој ја освои Евролигата девет пати (со Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче).



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2021 17:47