Две млади кошаркарки и еден кошаркар од кошаркарски клуб Крива Паланка, генерација 2009 се одбрани за учество на годинашниот национален спортски камп што го организира Кошаркарска федерација на Република Македонија под покровителство на ФИБА.
– На селективните тренинзи за годишниот национален спортски камп на КФСМ, дел од партнерскиот проект со ФИБА, насловен „Развој на играчи до 13 години” од нашиот клуб беа повикани вкупно девет играчи, а тројца од нив, Давид Давитковски, Глорија Груевска и Миа Марија Велковска беа селектирани во нивната возрасна категорија да бидат дел од националниот спортски камп 2021 година, кој ќе се одржи во период од 24 јуни до 4 јули во Скопје, изјави Ведран Белешковски, претседател на КК Крива Паланка.
Селектирани се по 15 кошаркари и кошаркари од 2008 и 2009 генерација, вупно 60 дечиња кои заедно со 12 тренери, во салата на КК „Вардар“ и салата во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе работат под менторство на кошаркарскиот експерт Ненад Труниќ од Србија.