Екипата на Милвоки бакс, ноќеска загуби од Атланта со 116:113 во првиот меч од финалето на Источната конференција. Бакс го доживеа првиот пораз на домашен терен оваа година во плејофот.

Милвоки претходно двапати победи во својата арена со Мајами, а потоа освои три победи во серијата со Бруклин.

Од друга страна, Атланта заврши како петта во регуларниот дел од сезоната и сите три серии ги започнаа на гостински терен. „Јастребите“ во 2021 година во плејофот на гостински терен имаат рекордни 6:2 во победи.

– Напорно работевме за да можеме да победиме на гости. Му реков на тимот за тоа. Тие се создадени за тоа, изјави тренер на Хоукс, Нејт Мекмилан.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 11:18