Репрезентацијата на Србија синоќа во Валенсија ја совлада Белгија со 74:73 во полуфиналето на Европското првенство во кошарка за жени.

Во финалето Србинките ќе играат со репрезентацијата на Франција, која претходно ја победи Белорусија со 73:61 во полуфиналната фаза.

Финалето ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот.

Три часа претходно (18 часот) е закажан натпреварот за трето место во кој Белгија ќе се сретне со Белорусија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2021 12:31