Екипата на Феникс санс ги победи Лос Анџелес клиперс со 84:80 ноќеска во четвртиот натпревар од плејоф серијата во полуфиналето на НБА-лигата.

Најпродуктивен на паркетот беше играчот на Санс, Девин Букер со 25 поени. Кај домаќините се истакна Пол Џорџ со 23 поени и 16 скока.

Резултатот во серијата од конференциското финале е 3-1 во корист на Феникс. Следниот натпревар ќе се одржи на 29 јуни и со евентуален триумф на Феникс ќе го добиеме првиот кој ќе игра во големото финале.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Атланта и Милвоки. По две средби во серијата прв до четири победи, резултатот е изедначен, 1:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2021 12:33