Репрезентацијата на Србија синоќа во шпанска Валенсија ја победи Франција со 63:54 во финалето на Европското првенство во кошарка за жени.

Најпродуктивна кај победничките беше Ивон Андерсон, која постигна 18 поени.

За Србија, овој трофеј е втор во нејзината историја. Најголем број на титули на Европско првенство во женска конкуренција има Русија / СССР – 24.

Во мечот за третото место, Белгија ја совлада Белорусија со 77:69.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2021 11:02