Кошаркарската федерација на САД го објави денеска составот на репрезентацијата за претстојните Олимписки игри (ОИ) во Токио, кој ќе биде третиот највозрасен американски олимписки тим.

Репрезентацијата ја сочинуваат 12 кошаркари од НБА лигата – Левин Лав, Кевин Дурант Џру Холидеј, Демијан Лилард, Дејмонд Грин, Бредли Бил, Бем Адебако, Девин Букер, Џерами Грант, Зек Левин, Крис Мидлтон и Џејсон Тејтум.

– Градиме тимови, кои се сестрани и издржливи за кратки и интензивни натпреварувања на кои играме. Среќни сме што оваа група елитни спортисти се пријавија да не претставуваат во Токио ова лето, изјави претседателот на Американската кошаркарска федерација Мартин Демпси.

Највозразен во американскиот состав е 32-годишниот Лав, додека Тејтум со 22 години е најмладиот. Просечната возраст на американската кошаркарска репрезентација по завршување на Игрите во Токио ќе биде 28.2 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2021 00:29