Јанис Адетокунбо го повреди коленото и не беше во можност да го продолжи четвртиот натпревар финалето на Источната конференција во НБА-лигата.
Атланта победи со убедливи 110:88 и изедначи на 2:2 во серијата прв до четири победи.
Лидерот на Милвоки, Адетокунбо го повреди левото колено по судирот со центарот на Хоукс, Клинт Капела во средината на третата четвртина. Адетокумбо сам го напушти теренот, но не беше во можност да ја продолжи играта. Гркот за 24 минути постигна 14 поени и 8 скока.
Атланта играше без својот најдобар кошаркар, Треј Јанг кој е повреден.