Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли официјално е нов член на Будуќност, комплетирајќи го трансферот во црногорскиот шампион од редовите на шпанска Сарагоса.

-Можам да потврдам дека се завршени сите детали околу договорот. Во следната сезона ќе бидам поблиску до Македонија и ќе играм за екипата на Будуќност од Подгорица. Полека но сигурно, станувам Балканец и ми се допаѓа тоа, изјави американскиот кошаркар со македонски пасош.

Трансферот на Вајли предизвика позитивни реакции на навивачите на Будуќност на социјалните мрежи, а еден од нив се изрази во метафорички стил преку својот Твитер профил: „Уште од времето на поранешна СФРЈ, во ова време на годината, граѓаните на Македонија заминуваат кон својата омилена туристичка дестинација, Црна Гора“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2021 19:58