Првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар од финалната серија во НБА-лигата против Феникс санс.

За време на четвртиот натпревар во серија против Атланта во источното финале, Гркот го повреди левото колено. Оттогаш закрепнува од повредата.

Според главниот тренер на Милвоки, Мајк Буденхолцер, во понеделникот Адетокумбо беше во можност да работи одделно од тимот на теренот. Не се соопштија детали за какви вежби и движења во оваа фаза може да изврши двократниот МВП.

-Тој помина убав ден. Постигна добар напредок, кусо информира Буденхолцер.

Големото финале во НБА-лигата ќе стартува ноќеска во 3 часот по полноќ на теренот на Феникс санс. Шампион ќе биде тимот кој прв ќе дојде до четири победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 11:33