Кошаркарите на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави се одлучија за бројките кои ќе ги носат на своите дресови на претстојните Олимписките игри во Токио.

Членот на Бруклин нетс, Кевин Дурент, како и во клубот, ќе биде со број 7. Тој на ЛОИ 2016 година играше со број 5.

Играчот на Портланд, Демијан Лилард го ја одбра „6“, во клубот носи број 0.

Девин Букер од Феникс санс ќе игра со број 15 (во клубот носи број 1).

Олимпискиот кошаркарски турнир во Токио започнува на 25 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 15:23